кукурига | несв.

За петел – издава глас, пее. Петелот наутро кукурига.

кукуригне | св.

Пушти глас (за петел).

кукуригу! | изв.

Глас со кој се јавува петелот; извик со кој се подражава гласот на петелот.

кукурика | несв.

Кукуш | м.

Град во Егејска Македонија, Грција.

кула | ж.

(истор.) Извишена цврста тесна градба како засилување на градски ѕид или како дел од тврдина, од замок, четвртеста или заоблена. Маркови кули. Кулите на нашето кале се многу убави.

кулак | м.

Идеолошка определба од времето на аграрната реформа по 1945 година за селанец, земјоделец со повеќе земја од земјишниот максимум.

кулаш | м.

Коњ со црвени влакна.