кучи се | несв.

За кучка – раѓа, се окотува. Загарката до вечера ќе се кучи.

кучило | ср.

Сите кучиња од едно котење; котило.

кучка | ж.

Женка од куче. Кучката ги лиже кутрињата. Ја најдоа кучката окучена.

кучкарник | м.

Кучешка куќичка. Остави леб за кучката во кучкарникот.

кучкин | прид.

Што се однесува на кучка, што е од кучка.

куш! | изв.

Марш! Куш, додека не сум ти ги истегнал ушите!

куша | несв.

кушет | м.

Кревет во железничко купе, каде што седиштата се приспособени за спиење.

кушо | ср.

Назив за животно што нема опашка, животно што ја изгубило опашката.