кујна | ж.

Просторија во стан, во угостителски објект итн. каде што се готви јадење. Сите побрзаа кон кујната. Таа влезе во кујната.

кујунџилак | м.

Кујунџиски занает. Во нашиот град превладува грнчарството и кујунџилакот.

кујунџија | м.

Занаетчија што изработува предмети и украси од злато и од сребро. Кујунџиите ги отвораат своите дуќани.

куќа | ж.

Градба со ѕидови и покрив што служи за живеење; живеалиште. Градат куќа. Купија нова куќа. Ја чисти куќата.

куќарина | ж.

Данок за куќа. Плати куќарина.

куќен | прид.

Што се однесува на куќа, што е дел од куќа. Куќна врата. Куќен праг. Куќни садови.

куќи | несв.

Обезбедува, снабдува што е потребно за живеење во куќата. Не се родил куќа да куќи. Куќи беден живот.

куќник | м.

Домаќин. Стани добра куќнице, куќникот го бере твоето гајле.

куќнина | ж.

Домаќинство, дом. Ништо не направи за неговата куќнина. Колибата е наша прва куќнина.

куќовен | прид.

Што е куќен, домашен. Куќовни луѓе.