кандидационен | прид.
Што се однесува на кандидација, што врши кандидација. Кандидациона комисија.
кандидација | ж.
Предлагање некого за кандидат, истакнување кандидатура, кандидирање. Не можеше да биде кандидиран, бидејќи некој од членовите ја спречи неговата кандидација.
кандидира | св. и несв.
Предложи, предлага некого за кандидат, истакне, истакнува нечија кандидатура. Знаеше дека е кандидиран за овогодишната награда.
кандил | м.
кандилка | несв.
Ниша некого или нешто.
кандилка | ж.
Кадилница.
кандилница | ж.
кандило | ср.
Мал сад исполнет со масло, во кој гори фитил, пливка, обично во црква, на гроб, пред икона и сл. Пред секоја икона гореше кандило.
кандиса | св.
Даде согласност за нешто, се согласи. Ама сега е прашање дали тој ќе кандиса на оваа работа.
канела | ж.
Кора од тропско дрво со жолтокафен цвет и силен мирис што исушена и смелена се користи како зачин;