канцона | ж.

Кратка лирска песна.

канче | ср.

Дем. од кана2. Побара вино, му тутнаа в рака канче козјо млеко.

канџа | ж.

Кука со долга дрвена рачка за закачување и влечење разни предмети.

канџест | прид.

Што прилега на канџа.

каолин | м.

Вид глина, минерал од кој се изработува порцелан.

капа | ж.

Дел од облеката што ја покрива главата, со различна форма и големина, без раб или со стреа, штитник над челото. Крзнена капа. Капа со штитник. Морнарска капа. Војничка капа. Службена капа.

капавец | м.

Извор со слаба вода која капе од карпа; место каде што капе вода.

капавица | ж.

Место од каде што капе вода дождовница од стреите. Мало клопче лежеше во калта под капавицата од стреите.

Кападокија | ж.

Област во Турција.