капак | м.
Предмет, направа со која се затвора некаков сад, поклопка. Го кренав капакот од тенџерето. Не можеше да го отвори капакот на теглата.
капаклија | прид.
Што има капак. Фенери капаклии. Саани капаклии.
капакчија | м.
Тој што има одговор за сè.
капалиште | ср.
Место во природа (на река, езеро и сл.) каде што се капе. Од капалиштето допираше весела детска смеа. Таму, по дебелите сенки низ ливадите и природните капалишта на реките, можеше да го истера училишниот распуст.
капалка | ж.
Со капалката му капна по една капка во очите.
капама | ж.
Вид вариво, обично од јагнешко месо, со зеленчук и зачини.
капан | м.
Направа за ловење на глувци, птици и други животни. Клепаш како врапче во капан фатено!
капандура | ж.
Мал прозорец или отвор на покрив од зграда, куќа. Низ капандурата излезе на покривот.
капар | м.
Дел од договорена вредност, сума пари што се даваат однапред при склучување на некаков договор (при купување, наем и сл.), како гаранција дека договореното ќе се почитува, ќе се изврши; аконтација, аванс. Настојувам преку капар или аванси цврсто да ги врзам купувачите.
капари | св.
Ја капаривме куќата.