капариса | св.

Даде капар, го осигури за себе тоа што го купува. Тој го капариса имотот.

капацитет | м.

а) Способност да се прими или да се задржи, да се чува одредена количина на нешто. б) Големина на просторот што ја зазема некое тело; зафатнина, волумен. Капацитет на резервоар.

капач | м.

Тој што се капе во река, езеро и сл. Многу капачи се нуркаа во езерото. Капачите седеа на песокта.

капаче | ср.

Дем. од капак. Го заврти капачето на шишето. Капаче на пенкало.

капе 1 | несв.

Мие, отстранува нечистотија од телото, бања. Мајката го капеше детето.

капе 2 | несв.

Паѓа капка по капка. Солзите ѝ капеа низ образите. На раката му капеше вода. Жолтеникава смола капеше од грубите кори на стеблата. Жетварите беа расоблечени и пот им капеше од лицето. Од носот му капеше крв.

капела 1 | ж.

Мала црква со еден олтар.

капела 2 | ж.

Шапка, обично женска. На главата имаше тантелена капела.

капелан | м.

Католички свештеник од понизок ред, помошник на парохот, жупникот.

капеланија | ж.

Служба на капелан и областа во која служи.