капелник | м.

Тој што диригира, што раководи со капела;

капетан | м.

(воен.) Највисокиот чин на нижите офицери во војска. Војнички капетан. Резервен капетан 2. Заповедник на брод. Четворица морнари, меѓу кои и брадестиот капетан, довеслаа на брегот.

капетанија | ж.

Територијално-извршен орган на поморска управа. Пристанишна капетанија.

капец | м.

Врв. Планински капец.

капидан | м.

Војвода. Кузман капидан.

капилар | м.

(анат.) Најмал крвен сад во телото на човекот и на животните. Венски капилари. Артериски капилари. Проширени капилари.

капиларен | прид.

Што се однесува на капилар и на капиларност. Капиларни садови. Капиларни пори.

капиларност | ж.

Својство на почвата и на други порозни материјали да го подигнуваат нивото на водата, на течноста по капилари. Капиларноста на почвата е способност водата да се подига од пониските во повисоките слоеви на почвата.

капина | ж.

Грмушка со долги трнливи гранки во вид на ластари, со срцести, назабени листови, со мали бели или розови цветови и ситни, тркалезни и сочни зрнести плодови со сјајна црна боја; Rubus fructicosus. Целиот сум избоцкан од капините. Нема ветар да зашумка во капињето.