капинка | ж.

Ги изедоа сите капинки во чинијата. Капинката ѝ го скинала фустанот.

капинлив | прид.

Што има капини, обрастен со капини. Капинливо место.

капинов | прид.

Што се однесува на капина, што е од капина или од капинки. Капинови боцки. Капинови грмушки. Капинов сок.

капира | св. и несв.

Сфати, сфаќа, разбира. Тој капираше сè што ќе му кажев.

каписла | ж.

Метална запалка, исполнета со експлозив што се пали со удар, триење, по електричен пат и сл., а служи за палење на полнење од пушка, топ, мина. Ги ставаа фишеците на камен, со друг камен удираа врз капислата и така пукаа.

капистра | ж.

Железен оглав.

капитал | м.

(екон.) Средства (пари и друга сопственост) што се вложуваат во производството за да носат добивка.

капитален | прид.

Многу важен, основен, главен. Капитално значење. Капитално дело.

капиталец | м.

Првокласен примерок на дивеч или на риба.