капитализам | м.
Општествено-економски систем што се карактеризира со приватна сопственост на средствата за производство, слободен пазар и пазарна конкуренција на капиталот и на работната сила.
капитализација | ж.
Претворање на некои вредности (на вишокот на вредност, на сопственоста, на износот на камата и др.) во капитал.
капитализира | св. и несв.
Претвори, претвора во капитал, изврши, врши капитализација.
капиталист | м.
Тој што има голем капитал, сопственик на капитал.
капиталистички | прид.
Што е својствен или што се однесува на капитализам и капиталист. Капиталистичка земја. Капиталистички систем. Капиталистички методи.
капител | м.
Горниот, проширен и украсен дел на столб.
капитен | м.
Водач, претставник на спортски тим.
капитулант | м.
Тој што отстапува без отпор, тој што му се предава на непријателот.
капитулантство | ж.
Капитулантско однесување; капитулантски дух. За оној што сее колебливост и капитулантство следува најстрога казна.
капитулација | ж.
(воен.) Прекин на вооружена борба и предавање на непријателот, под услови што ги поставува тој како победник. Безусловна капитулација.