капитулира | св. и несв.
(воен.) Се предаде, се предава на непријателот, се согласи, се согласува на капитулација. Државата капитулира.
капица | ж.
Дем. од капа.
капичка | ж.
капиште | ср.
Аугументатив и пејоратив од капа.
капија | ж.
Влезна, обично голема врата, порта на градски бедеми, на некаков објект, зграда, фабрика, игралиште, двор и сл. На капијата имаше стражар.
капињак | м.
Место каде што има многу капини. Сиот брег е обраснат со густ капињак.
капиџик | м.
Мала врата на ограда меѓу две соседни куќи. Тие се пробиваа преку дворовите со безброј капиџици.
капиџија | м.
Чувар на капија, вратар.
капка | ж.
Многу мал дел од течност што при слободно паѓање има тркалезна форма. Челото и беше оросено со големи капки пот. Дождовни капки. Капка роса.
капладиса | св.
Постави, обложи со каплама. Го капладиса јорганот со свилени парчиња. Бастунот сакам целиот да биде со злато капладисан.