карабинер | м.

(истор.) Војник вооружен со карабин.

карабинерија | ж.

Објект во кој се сместени карабинери. Ги молеа да не ја пренесат веста во карабинеријата или кај офицерите.

карабинка | ж.

Ја закочив карабинката и ја фрлив преку рамо.

карабоја | ж.

Црна боја, црнило. Вратата е ниска и дотраена и со карабоја премачкана.

каравана | ж.

Голем, тркалезен, плиток бакарен сад за храна.

каравела | ж.

Вид брод со три или четири јарболи, едреник, брод со различни типови на едра.

Караганда | ж.

Област и град во Казахстан.

карагрош | м.

Стара турска пара.

карадузен | м.

Жичен музички инструмент; вид мала тамбура со четири жици.