катакомба | ж.

Подземни ходници и простории во кои првите христијани ги погребувале мртвите и се собирале за молитва.

каталепсија | ж.

Здрвеност на мускулите, неподвижност на телото што се јавува кај некои душевни заболувања и при длабока хипноза.

каталептичен | прид.

Што страда од каталепсија, предизвикан од каталепсија.

катализа | ж.

Забрзување или успорување на хемиската реакција под дејство на катализатор.

катализатор | м.

(хем.) Материја, супстанција што ја забрзува или успорува хемиската реакција, а при тоа останува непроменета.

каталитички | прид.

Што се однесува на катализа, што дејствува како катализатор. Каталитички особини.

каталог | м.

Список на предмети (обично со податоци за нив), составен на определен начин, што го олеснува нивното пребарување; индекс, регистар. Каталог на стари ракописи.

каталогизација | ж.

Систематско внесување во каталог на одредени податоци.

каталогизира | св. и несв.

Внесе, внесува во каталог.

Каталонија | ж.

Област во Шпанија.