ларва | ж.

Почетен степен во развојот на некои инсекти и животни (комарец, пчела, пеперутка, некои риби итн.) што многу се разликува од возрасните примероци. Ловеше риби на ларви. Ларвите на бумбарите причинуваат огромни штети.

ларвин | прид.

Што се однесува на ларва. Ларвин стадиум.

ларингален | прид.

Што се однесува на ларинксот.

ларингитис | м.

Воспаление на гркланот и грлото.

ларпурлартизам | м.

Сфаќање дека уметноста треба да постои само заради уметноста и не смее да биде средство или цел на нешто друго. Приврзаник на ларпурлартизмот.

Ласа | ж.

Главен град на Тибет, Кина.

ласер | м.

Светлосен извор со кој од електромагнетната енергија се создава засилен сноп светлина со голема густина на енергијата, што има разорна сила. Кристален ласер. Полупроводнички ласер.

ласица | ж.

Вид грабливо животно од фамилијата куни со издолжено тело и долга опашка, со костенливо крзно на грбот и бело на предниот дел, што се храни со јајца или цица крв, Mustela nivalis. Ласица влегла во кокошарникот.

ласка 1 | несв.

Се додворува некому, дава некому комплименти за да го придобие. Вие ѝ ласкате на мојата суета.