лаплив | прид.

Што е наклонет кон лапање. Лаплива душичка имаше тој.

лапне | св.

Земе, стави нешто во уста. Го лапна набрзина парчето леб и истрча на улица кај другарите.

лапниголтни | прид.

прид. Што не треба да се џвака. Јадењето беше лапниголтни.

лапнимува | ж.

Тој што безделничи, што не работи ништо

лапнисомун | м.

Назив за лаком човек. Тој е голем лапнисомун.

лапнијаре | м.

Назив за лаком човек. Тој е лапнијаре.

Лапонија | ж.

Област во Шведска и Финска.

лапор | м.

Седиментна карпа, мек варовник што лесно се рони, глина со голем процент калциум карбонат, со светлосива или светложолта боја.

лапорец | м.

Поцврст лапор, со помал процент глина, а повеќе калциум карбонат, што се употребува за добивање цемент.

лапсус | м.

Ненамерна, несвесна, случајна грешка во зборувањето, пишувањето или во сеќавањето.