луцерков | прид.
Што се однесува на луцерка. Луцеркова буба.
луциден | прид.
Што е јасен, светол, бистар, остроумен, прониклив. Луциден дух. Луцидна мисла. Луцидни заклучоци.
лучница | ж.
Дрвен сад за толчење лук. Ја стави лучницата во скутот и почна да толчи.
лушпа | ж.
Кора со која е обвиткан плодот на овошките, семето, јајцата и друго. Лушпа од јаболко. Лушпа од орев. Пченкарни лушпи.
луѓе | и.
Множина од човек; Храбри луѓе. Добри луѓе. Обични луѓе. Стари луѓе.
луња | ж.
Големо невреме, силен студен ветар со дожд или снег; бура. Беснееше луња со ветар и дожд. Снежна луња.
луњав | прид.
Што има луња (за време); бурен.
луњен | прид.