лебедица | ж.

Женка на лебедот.

лебедов | прид.

Што му припаѓа, што се однесува на лебед. Лебедови крилја.

лебен | прид.

Што се однесува на леб. Лебно брашно.

леблебија | ж.

Печен плод од слануток, наут што се употребува како храна. Зобаше суво грозје и леблебија.

леблебиџија | м.

Тој што пече и продава леблебии.

леблебиџилница | ж.

Работилница каде што се произведуваат леблебии.

леблеби-шеќер | м.

Леблебија приготвена со шеќер.

лебороден | прид.

Што е плоден, житороден. Лебородна земја.

лев | м.

Парична единица во Република Бугарија.