леарница | ж.

Работилница или фабрика каде што се лее. Леарница за печатарски букви.

леарство | ср.

Занает, професија на леарот. Долги години се занимаваше со леарство.

леб | м.

Основен прехранбен производ што се меси од брашно (пченично, пченкарно, 'ржено итн.) и потоа се пече. Бел леб. Црн леб. Парче леб. Домашен леб.

лебами | мод.

Како заколнување: жими лебот, жити лебот

лебар | м.

Тој што пече и продава леб; пекар.

лебарка 2 | ж.

Вид црн, крупен инсект што бега од светлина и излегува ноќе, а се храни со отпадоци од храна; Blatta orientalis. Собата беше неуредна и полна со лебарки.

лебарник | м.

Место каде што се чува леб. Го извади лебот од лебарникот.

лебарница | ж.

Продавница за леб.

лебди | несв.

Плови на површината на некоја течност или во воздухот зашто е полесен, не потонува, ниту паѓа. Чамчето лебдеше на брановите. Птицата лебдеше на ветрот.

лебед | м.

Бела, црна или сива пловна птица со долг врат, со жолт или со црн клун; живее во парови; Cygnus. Јато бели лебеди.