леска | ж.
Шумско овошно растение што расте како ниско дрво или разгранета грмушка со големи, елиптични листови, цветови во вид на реси и мали, јајчести или овални плодови со тврда кафеава лушпа, семката се користи за исхрана; Corylus avellana. Над него леската како зелен чадор му држеше сенка.
лескарник | м.
Место со лески; Додека стасаа до лескарникот веќе беше стемнето.
лескин | прид.
лесков | прид.
Што припаѓа, што е направен од леска; што се однесува на леска. Лесково дрво. Лескова прачка. Лескова шумичка.
Лесковац | м.
Град во Србија.
леснак | м.
Тој што е лекоумен.
леснее | несв.
Станува полесно; Додека раскажуваше, чувствуваше како ѝ леснее на душата.
лесник | м.
Место со лески; Тој се сокри во лесникот.
леснина | ж.
Својство на тоа што се прави лесно. Работата ја завршивме со леснина.
лесничок | прид.
Лесничка торба.