лепне | св.
Плесне, удри. Му лепна една шлаканица.
лепра | ж.
Кожна заразна болест при која кожата се лупи и на неа се отвораат живи рани. Лицето ѝ беше изедено од лепра.
лепрозен | прид.
(како именка) Што е болен од лепра. Лепрозните беа изолирани.
лепче | ср.
лер | и.
Неутрална положба на менувачот кај моторните возила, нулта брзина.
Лерин | м.
Град во Егејска Македонија, Грција.
лес | м.
Раздробена маса составена претежно од кремен и глина.
леса | ж.
Нешто што е густо сплетено од прачки и трски. За превоз на сеното имаа широки, дрвени леси.
лесвица | ж.
лесен | прид.
Што има мала маса, што тежи малку. Куферот беше лесен.