лига 2 | ж.

Друштво, сојуз, здружение, заедница, со општествено‒политички, културни, спортски и други цели. Лига на народите. Фудбалска лига.

лигав | прид.

Што испушта лига или е покриен со лига. Лигав полжав. Лигава ципа. Лигави муцки.

лигавец | м.

Лице што се лигави.

лигави | несв.

Испушта лиги. Детето лигави зашто вади заби. Болните животни лигават и солзат.

лигавица | ж.

лига2. (пејор.) Младо неприбрано, неспастрено, палаво девојче; лигушка.

лигавка | ж.

Вирусна болест кај добитокот проследена со обилно лигавење. Времето беше такво, луѓето имаа шуга, а добиците шап, лигавка и метил.

лигавче | ср.

Мала крпа што се врзува околу вратот на дете за да се заштити облеката од лиги или храна.

лигамент | м.

Жилесто сврзно ткиво што ги држи коските во костурот и ги зајакнува зглобовите.