ливан | м.
Вид смола со пријатен мирис, што се употребува за кадење при верски обреди.
ливанто | ср.
Парфем, мирис. Ливанто од трендафил. Секогаш имаше пари за помади, шапки и ливанта.
Ливерпул | м.
Град во Велика Британија.
ливка | несв.
Зема храна во изобилство, прекумера. Луѓето ливкаа мезиња од големиот казан. • се ~ Се умилкува, се додворува. Селаните му се ливкаа на дојденецот.
ливне | св.
ливот | м.
ливреисан | прид.
Што е облечен во ливреја. Ливреисан вратар.
ливреја | ж.
Униформа, обично украсена со гајтани, за вратари, слуги и сл. Нè пречека слуга во сива ливреја со син гајтан.
ливче | ср.
лига 1 | ж.
Густа, слузеста леплива материја што ја лачат жлездите во устата. Му се наполни грлото со лиги. Избриши си ги лигите!