лигуш | м.
Младо, неприбрано, неспастрено, неискусно, неспособно момче; лигушко 2. Човек со неприродно, вештачко, лигаво однесување.
лигушка | ж.
лигушко | м.
лида | несв.
Оди без цел, скита. Лидаше збунет.
лидер | м.
Водач, предводник на политичка партија, организација, група и слично. Партиски лидер. Лидер на опозицијата.
лидерски | прид.
Што се однесува на лидер и лидерство.
лидерство | ср.
Положба на тој што е лидер.
Лидија | ж.
Древна област во Мала Азија.
лиду | изв.
Извик за подражавање на свирењето на гајда
лие | несв.