Лиеж | м.

Град во Белгија.

лиеница | ж.

Нешто излиено, добиено со лиење од некаков метал. Лиеница од бакар.

лижалче | ср.

Бонбона ставена на стапче. Децата во рацете држеа лижалчиња. Беше да си купи лижавче

лиже | несв.

Поминува, допира со јазикот по некоја површина, содржина. Лиже прсти. Детето лиже сладолед.

лиживаган | м.

Човек без достоинство, подлизурко, додворувач. Од тој сој се сè лиживагани

лиза | ж.

Стадиум во болест (при воспаление на белите дробови) придружена со треска, што се карактеризира со слабо постепено опаѓање на температурата и по слабеењето на болеста.

лизарче | ср.

Мало парче од сапун на дотрошување. Калфите напати му оставаа по некое лизарче сапун.

лизга | ж.

Плочест камен. Дното на реката беше полно со лизги.