листопаден | прид.

За дрва и грмушки ‒ на кои им паѓаат лисјето.

лит | прид.

Што е тенко и ретко во ткаењето, што се реси, се кине (за алишта, материјал и сл.). Лито палтенце.

литак | м.

Традиционална (куса и без ракави) горна женска облека, направена од домашно волнено платно, сукно.

литанија | ж.

Вид црковна молитва што се изговара и пее, при што еден (обично свештеникот) поведува, а верниците во хор повторуваат.

литар | м.

Единица за мерење волумен на течности, изнесува еден кубен дециметар. Шише рум од литар. Литар ракија.

литарка | ж.

Вид двоструна тамбура.

Литванија | ж.

Држава во Европа.

литерат | м.

Лице што се занимава со литература, главно со критика и со историја на литературата. Млади литерати

литература | ж.

Уметничко, јазично творештво на еден народ, една епоха, на целото човештво; книжевност. Љубител на литературата. Македонска литература.