литературен | прид.
Што се однесува на литература, што е поврзан со литературата. Литературен кружок. Литературна критика.
лити | несв.
За облека ‒се ~ троши, се распаѓа со употреба; се аби.
литија | ж.
Во православната црква: а) Процесија од верници со свештенство како церемонијал на набожност. Дента имаше литија молбена, за среќа и здравје. б) Црковен бајрак што се носи во процесија. Носеа црковни литии со избледени ликови на ангели.
литмара | ж.
бубамара 2. (прен.) За жена ‒ што е лесна во умот. Литмара е таа жена, кај не ја сееш, таму ќе никне.
литовина | ж.
Наредија долги столови и ги послаа со литовини.
литограф | м.
Лице што се занимава со литографија; цртач на камен.
литографира | несв.
Умножува, печати со помош на литографија.
литографија | ж.
Графичка техника на умножување цртежи, слики или текстови кои претходно се исцртуваат на литографски камен односно метална плоча и потоа се отсликуваат на хартија.
литографски | прид.
Што припаѓа, се однесува на литографија. Литографска икона. Литографско мастило.
литургија | ж.
Главна христијанска црковна богослужба. Божиќна литургија. Утринска литургија.