лиферант | м.
Лице што врши набавки и испорачува одредена стока (за државата, војската, за поголеми фирми); снабдувач.
лиферација | ж.
Набавка и испорака на некаква стока; снабдување со стока.
лиферува | несв.
Извршува набавка, испорака на стока. Офицерот тајно лиферуваше оружје.
лифт | м.
Електрична дигалка за превезување (дигање и спуштање) луѓе или стоки во високи згради и други објекти.
лифтинг | м.
Естетска операција за подмладување.
лихва | ж.
Давање пари на заем со многу висока камата; камата. Му даде пари со лихва.
лихвар | м.
Лице што дава пари под лихва. Тој беше селски трговец и лихвар.
лихвари | несв.
Се занимава со лихварство, дава пари на заем со лихва.
лихварство | ср.
Лихварска дејност, давање пари под лихва. Во тој период на сиромаштија и беда, се појави лихварство.
Лихнидос | м.
Древното име на Охрид.