локалпатриотизам | м.
Претерана љубов и приврзаност кон родниот крај и кон сè што произлегува од него; пристрасност кон своето место. Гласачкиот чин имаше нагласен локалпатриотизам.
локан | м.
Метален сад во кој се става распален дрвен јаглен или жар за загревање на соба, јадење и друго; мангал.
локаница | ж.
локатив | и.
Падеж со кој се обележува просторен, местен или временски однос.
локативен | прид.
Што се однесува на локатив.
локаут | м.
Затворање фабрики и масовно отпуштање работници со уцена (присилување на потешки услови за работа или оневозможување на штрајк).
локација | ж.
Место, положба на некој објект. Определи локација.
локач | м.
Човек што многу пие; пијаница.
локва | ж.
лочка 2. Вдлабнатина со дождовна вода; вир_2.
локма | ж.