локна | и.

Извиткано перче коса; кадра. Си виткаше локни со показалецот. Русите локни ѝ беа паднале на челото.

локне | св.

локомотива | ж.

Железничка машина на тркала за влечење вагони. Парна локомотива. Електрична локомотива.

локум | м.

Слатки од нишесте, брашно, шеќер, ореви и др. Кутија локум. Локум со ореви.

лом | м.

Насилно разделување на материјалот, кршење.

ломбак | м.

Крупен и тромав човек. Од седење и спиење ломбак се станува.

Ломбардија | ж.

Област во Северна Италија.

Ломе | ср.

Главен град на Того.

ломен | прид.

Што е кршлив. Ломен бој. Ломна снага. Ломни штитови.

ломи | несв.

(нар. поез.) Крши нешто. Ломи прсти. Коски ломи.