лазарет | м.

Воена полска болница.

лазарица | ж.

(само едн.) Христијански празник ‒ Лазрова сабота, седум дена пред Велигден, со кој се сврзани опредени обичи со песни и игри.

лазарка | ж.

Девојка што пее и танцува на Лазарова сабота. Лазарките секогаш се наградуваат со пари.

лазарува | несв.

Празнува, игра и пее на Лазарова сабота.

лазарче | ср.

Дем. и хип. од лазарка.

лазаче | ср.

Дете што сè уште не проодело, но веќе се движи со помош на рацете и нозете, дете што лази.

лазечкум | прил.

Со лазење, лазејќи. Лазечкум влезе низ тесниот отвор на пештерата.