лазиште | ср.
Нива добиена со ископување на шумата; лаз2. Рано замина на лазиштето.
лазне | св.
Го лазна едно пламено јазиче.
лазур | м.
(мин.) Вид камен со сина боја што се употребува за изработување украси.
лазура | ж.
(слик.) Проѕирна боја за премачкување на веќе готова слика.
лазурен | прид.
Што има сина боја, што се однесува на лазур. Лазурно небо. Лазурно море.
лаивра 2 | св. и несв.
Изработи, изработува цртеж со туш или со мастило, постигне, постигнува привидна релјефност со темни и светли нијанси на иста боја.
лаик | м.
Тој што не е добро упатен во определена област, непрофесионалец. Јас сум лаик за математика.
лаички | прид.
Што се однесува на лаик
лак 1 | м.
(мат.) Дел од кружна или од друга крива линија меѓу две точки. На небото се појави шарениот лак на виножитото. Лакот на арката е премногу ниско поставен.
лак 2 | м.
Течна, густа материја во различни бои, добиена од природна или вештачка смола, што се мачка на предметите во тенок слој, им дава сјај и ги заштитува. Лак за дрво.