лудак | м.
Луд човек, ментално болен. Лудаците, оние мирните, играа во дворот на болницата.
лудачки | прид.
Што се однесува на лудак, што е својствен на лудак. Лудачки движења. Лудачка кошула. Лудачка смеа.
лудило | ср.
(мед.) Душевна болест изразена со губење на разумот. Напад на лудило. Кога се јавија знаци на лудило, веднаш го сместија во Одделението за умоболни.
лудичок | прид.
лудница | ж.
Душевна болница. Психијатрите го сместија во лудница. Тој беше управник на лудницата.
лудо | ср.
а) Неженет човек, момче, ерген, беќар. Лудо младо. Ми отиде лудо на печелба. Работете, луди, да имате. б) (ретко) Младо моме. За друг беќар лудото ми го посвршиле. Песна пееше лудо моме за тебе.
лудо | прил.
На луд начин, неразумно, глупаво. Лудо гори од љубов по него. Лудо гинеа за царот.
лудоделија | м.
Млад човек, тој што постапува неразумно, неодмерено. Беше бекрија лудоделија.
лудорија | ж.
Непромислена постапка, немирнотија, палавост. Децата на снегот правеа бесмислени лудории. Карневалски лудории. Гимназијалците цел месец зборуваа за лудоријата што ја направиле.
лудост | ж.
Состојба или постапка на луд, душевно болен. Бесна лудост. Кротка лудост.