лој | м.
Животинска маст, мрсно од говедо, овца, коза и сл. Овчи лој.
лојален | прид.
Што ги почитува законите, вообичаените норми.
лојоса | св.
а) Стане дебел. Целиот лојосал. б) Направи со многу лој. Ја лојоса манџата.
лоџа | ж.
Полуотворен трем; галерија со лакови. Панорамата од зад сводовите на балконската лоџа беше уште поубава.
Луанда | ж.
Главен град на Ангола.
луб | м.
Тенка штица, обрач на сито, решето. Го сееше брашното со сито што имаше извиткан луб.
лубеница | ж.
Едногодишно растение со големи тркалезни плодови, обично со зелена кора и слатко, сочно, црвено или жолто месо; Citrullus vulgaris.
луга | ж.
Остаток од изгорено; пепел. Во ковачницата мирисаше на усвитено железо попрскано со луга од огништето.
луд | прид.
Што е умствено растроен, душевно болен. Луд човек. Лудите ги сместија во лудница.
лудак | м.
Луд човек, ментално болен. Лудаците, оние мирните, играа во дворот на болницата.