луканка | ж.

Вид колбас (обично димен). Го наполни торбето со луканка, кромид и леб

луков | прид.

Што се однесува на лук. Луково семе. Лукови перца. Лукови главици.

луковина | ж.

Сувите перца на лукот од кои се плете луков венец. Луковината дава жолта боја.

луковица | ж.

Кратко подземно стебло на лук, кромид, лале, зумбул и др., главица со резерви на храна и вода. Одгледувал лалиња и други луковици. Изразити луковици (кромид, лук). Неизразити луковици (праз, зимски лук).

лукративен | прид.

Што е корисен, што носи печалба, рентабилен.

Луксембург | м.

Држава во Европа.

Луксембург | м.

Главен град на Луксембург.

луксуз | м.

Раскош, раскошен начин на живот. Живее во луксуз. Немаме пари за такви луксузи.

луксузен | прид.

Што е раскошен. Луксузен живот. Луксузни хотели. Луксузни предмети. Луксузни лимузини.