лула | несв.

Прави нешто да се движи рамномерно, ниша, клацка. Мајката го лулаше бебето во раце. Брановите го лулаа кајчето.

лулашка | ж.

Направа за лулање, седиште прицврстено на синџири, јаже и сл. за лулање. Дрвена лулашка. Ја префрли ортомата прку дрвото и направи лулашка. Детето падна од лулашката.

луле | ср.

Направа за пушење која се состои од цевка, чибук (низ кој поминува димот) и вдлабнат проширен дел каде што согорува тутунот. Пуши луле. Го наполни лулето и го запали.

лулее | несв.

лула, ниша.

лулка | несв.

Лула, ниша со мал интензитет. Мајката го лулкаше бепчето. Ветрот ги лулкаше цветовите.

лулне | св.

лумбаго | ср.

Болки во крстот, во слабините предизвикани од настинки, незгодни движења или заболување на 'рбетните прешлени.

луминисценција | ж.

Својство на тела што емитуваат светлина кога се изложени на дејство на зраци без да бидат самите загреани.

лумпенпролетаријат | м.

Декласирани, пропаднати луѓе во едно општество, граѓани од најнискиот слој (скитници, крадци, питачи, проститутки).