мазут | м.
Продукт што се добива како остаток при дестилација на нафтата, се користи како гориво.
маица | ж.
Памучна долна облека без ракави. Ги соблекоа кошулите и работеа само по маици.
мак | м.
мака | ж.
Душевна (или телесна) болка, страдање. Имам голема мака на душата.
мака | несв.
Потопува парче леб во храна. Почнаа да јадат од манџата и да макаат во солта.
Макавеи | и.
Верски празник – Свети седум маченици макавејски (Богородичен пост) на четиринаесетти август, односно први август по стариот календар, според името на свештеничкото семејство Макавеи кое загинало во борбата за независност на Ерусалим од Персија.
макадам | м.
Материјал и начин на правење патишта со помош на песок, ситен дробен камен полеан со вода и набиен со валјак.
макар | прил.
Барем, најмалку. Дојди макар на еден ден. Да се порадуваме макар малку.
макар | сврз.
За искажување целосна решеност за извршување на некое дејство, поретко самостојно со значење дури и да. Макар умрел, неа веќе нема да ја погледнам. Јас ќе си купам мотор макар и да ги дадам сите пари.
макар | чест.
Запеј макар еден тон. Прочитај макар една книга. Кажи макар еден збор.