мазилка | ж.

Направа за подмачкување со мазиво, со масло.

мазни | несв.

Прави нешто да стане мазно. Жената ја мазнеше постелата.

мазник | м.

Вид пита со маст, масло; баница.

мазникар | м.

Тој што многу сака да јаде мазник.

мазнина | ж.

Општо име за сите видови маснотии.

мазноглав | прид.

Очешлан, со мазна коса. Дојде еден господин, дотеран, намирисан и мазноглав.

мазохизам | м.

Полова изопаченост при која некој ужива само ако е измачуван и трпи болка.

мазохист | зам.

Човек што ужива во мазохи

мазурка | ж.

Полски народен, а подоцна и салонски танц.