милост | ж.
Чувство на наклонетост, нежност кон некого. Кога ќе го погледнеше, срцето ѝ се исполнуваше со милост.
милостив | прид.
Што има добро, меко срце, сожалив, добар, мек;
милостина | ж.
Подарок или пари што се даваат на сиромашни или на питачи. Живееше од милостина.
милува | несв.
Гали со рака. Го милуваше детето по главчето.
милувка | ж.
Галење, милување.
милум | прил.
Со мило, на мирен начин, без употреба на сила;
милја | ж.
Мера за должина.
милје | ср.
Околина, опкружување, средина. Општествено милје.
мимика | ж.
Изразување мисли и чувства со движење на мускулите на лицето и со очите. Љубезно се заблагодари со мимика и со гест.
мимикрија | ж.
(биол.) Способност на некои животни и растенија да се менуваат по изгледот и бојата според околината заради заштита од природните непријатели.