мимичен | прид.
Што се однесува на мимика. Мимичен израз.
мимоза | ж.
Вид тропско или суптропско растение со ситни топчести жолти цветови; Acacia dealbata.
мина | ж.
Експлозивна направа со запалка што се става на определено место за да експлодира во определен момент. Нагазна мина.
минаре | ср.
Кула на џамија од каде муезинот ги повикува верниците на молитва.
минат | прид.
Што бил или се случил порано; сегашен, иден. Минати настани.
минато | ср.
Време што поминало, што било порано; сегашност, иднина. Заборавени песни од минатото. Блиско минато. Далечно минато.
минатогодишен | прид.
Што е од претходната година. Минатогодишни оценки.
минатонеделен | прид.
Што е од претходната недела. Минатонеделна емисија.
миндер | м.
Одар за седење покрај ѕид.
миндерлак | м.