миро | ср.

Светено масло во христијанските цркви.

мировен | прид.

Што се однесува на мир, помирување. Мировен договор. Мировна конференција.

мироглед | м.

Поглед на светот; светоглед. Научен мироглед.

мироносен | прид.

Што носи мир; миротворен.

мироносец | м.

Тој што носи мир.

миропомазаник | м.

Тој кому му е извршен обред на помазание со миро;

мироса (се) | св.

Изврши помазание со миро.

миротворен | прид.

Што создава, што носи мир; мироносен.

миротворец | м.

Тој што создава, што носи мир; мироносец.

мирољубец | м.

Тој што е приврзаник на мирот, што работи и се бори за мир.