мисковина | ж.
мисла | ж.
Дејност на умот; мислење, размислување. Човечка мисла.
мислен | прид.
Што е резултат на мислење; апстрактен. Мислен израз.
мислење | ср.
Размислување. Од многу мислење го болеше главата.
мисли | несв.
Со работа на разумот формира мисли, поими, судови; расудува, заклучува. Логично размислува.
мислител | м.
Човек што има способност длабоко и оригинално да размислува за важни прашања; филозоф.
мисловен | прид.
Што е поврзан со мислењето. Мисловен процес. Мисловна претстава.
мистер | и.
(книж.) Господин, за именување или при обраќање кон маж, особено од англиско говорно подрачје.
мистериозен | прид.
Што е таен, загадочен.
мистерија | ж.
Тајна, таинственост; енигма.