модар | прид.
Што има сина боја.
модел | м.
Образец, примерок, калап по кој се прават предмети.
моделар | м.
Тој што изработува модели, најчесто на облека и на обувки.
моделарство | ср.
Дејност на изработување модели.
моделира | св. и несв.
Направи, прави модел; обликува, ваја.
модем | м.
Електронски уред што служи за меѓусебно поврзување на дигитални уреди, сметачи преку мрежа за пренос на аналогни податоци.
моден | прид.
Што се однесува на мода, што одговара на модата. Модно списание. Моден тренд.
модерато | ср.
Умерено темпо.
модерен | прид.
Што одговара на актуелната мода. Модерна облека. Модерни чевли.
модерна | ж.
Општо име за различни движења, школи и струи во уметноста што се јавиле кон крајот на XIX век во Европа како реакција на позитивизмот и реализмот.