модернизам | м.
Појава на усогласување на одредени феномени со духот на времето и со модата. Опфаќа повеќе правци во уметноста: натурализам, импресионизам, симболизам итн.;
модернизатор | м.
Тој што модернизира.
модернизација | ж.
Менување според последните достигнувања, осовременување. Направија модернизација на производството.
модернизира | св. и несв.
Направи, прави модернизација; направи, прави нешто да биде модерно. Ја модернизираа работата.
модернист | м.
Припадник, приврзаник на модернизмот.
модистка | ж.
Жена што изработува женски шапки и украсни детали од гардеробата.
модификатор | м.
Тој или тоа што прави модификација.
модификација | ж.
Видоизменување, мала промена која не ја засега целината. Направи модификација на стилот.
модификува | св. и несв.
Видоизмени, видоизменува; дотера, подотера, измени донекаде. Го модификуваа планот за работа по увидените пропусти.
модла | ж.
Калап за торти, колачи и сл.