модрее | несв.
Станува модар; помодрува. Лицето му модрееше по силниот удар.
модри | несв.
Бои со модра боја, прави да биде нешто со модра боја. Сликарот го модреше морскиот пејсаж на сликата.
модрика | ж.
Назив за растенија со модри цветови. а) Плевел што расте по житата со виолетовомодра боја на цветот, чест мотив на народните везови; Centaurea cyanus. б) Лековита билка, плевел што расте покрај патишта, на запустени места со цврсто стебло и впечатливи модри цветови, честа и во градска средина; Cichorium intybus.
модрикав | прид.
Што е малку модар, што има нијанса на модра боја; синкав. Окото му беше модрикаво.
модрило | ср.
Боја за модрење; синило.
модрина | ж.
Модра дамка на телото настаната од удар.
модринка | ж.
модрица | ж.
модроок | прид.
Што има очи со модра боја; синоок.
модул | м.
Калап, модел.