модулатор | м.
Приспособувач, усогласувач, регулатор.
модулација | ж.
(муз.) Подигање и спуштање, менување на гласот; преоѓање од еден тоналитет на друг во музичка композиција.
модулира | св. и несв.
Изведе, изведува модулација.
модус | м.
Начин.
може | мод.
може | несв.
Има сила, умеење, способност, услови да направи нешто. Можам да трчам брзо. Можам да напишам песна. Можам да дојдам.
можеби | мод.
Можно е, не е исклучено. Можеби се вратил. Можеби ќе заврши денес со работата.
можен | прид.
Што може да постои, што може да се замисли; што може да се најде. Ги прочита сите можни книги од таа област.
можност | ж.
Можно решение, излез од некоја ситуација. Постои можност да се спаси пролетниот род.
мозаик | м.
Орнамент или слика составена од разнобојни камчиња, стакленца и сл., зацврстени на некоја површина (под, ѕид, свод) 2. (прен.) Нешто составено од разнородни елементи. Мозаикот на светската поезија е создаван со векови.