молзница | ж.

Животно што дава млеко, што се молзе. Крава молзница. Овца молзница. Тој ги пасе молзниците, а брат му јаловиците.

молзничар | м.

Тој што молзе.

моли 1 | несв.

Се обраќа некому со молба, бара од некого да направи нешто. Го молев да ме прими на разговор. Го молев да ми прости.

моли 2 | несв.

За молец – гризе ткаенини, волна и сл.

молибден | м.

Сребренобел цврст метал што се користи во техниката за изработување специјален челик; симбол Mo.

молибденов | прид.

Што содржи молибден, што е од молибден. Молибденов сулфид.

молив | м.

Средство за пишување, цртање, бележење и сл. што се состои од тенко графитно стапче или друг материјал во дрвена или пластична обвивка. Хемиски молив. Патент молив. Мек молив.

молика | ж.

Ендемично иглолисно дрво, вид бор што расте во Македонија (на планината Пелистер), Косово, Црна Гора и Албанија; Pinus peuce.

молира | св. и несв.

молитва | ж.

Обраќање со молба до Господ или до некој светец.