монаштво | ср.
Збирна именка од монах. Монаштвото послужило за таа цел. Постоело еремитско монаштво во таа област.
Монблан | м.
Планински врв на Алпите.
Монголец | м.
Припадник на средновековен азиски народ, освојувале во Европа.
монголизам | м.
Болест што се манифестира со ментална заостанатост, низок раст, смален обем на черепот, зголемен јазик, коси очи и сл.
Монголија | ж.
Држава во Азија.
монголоид | зам.
Лице заболено од монголи
монголоиден | прид.
Што се однесува на монголоид. Таа имаше едно монголоидно девојче.
монголски | прид.
Што се однесува на Монголите, што им припаѓа на Монголите. Монголски воен камп.
монден | м.
Тој што ја следи модата во облекување, однесување и сл., што се движи во одбрана средина.
монденски | прид.
Што се однесува на монден и монденство, што припаѓа на монден, својствен на монден. Монденски живот. Монденски свет. Монденска плажа. Монденска населба.