монема | ж.

Најмал, натаму неделив значенски јазичен облик; како лексички единици монемите се нарекуваат лексеми, а како граматички морфеми.

монета | ж.

Кована (метална) пара; пари општо; банкнота. Златна монета. Сребрена монета. Ни мина векот како на книжна монета. Колекција од монети.

монетарен | прид.

Што се однесува на монета, паричен. Монетарна политика. Монетарен систем. Монетарни единици. Монетарен фонд.

монивце | ср.

Скапоцен вез од монивца. Им продаваше на жените срми и монивца.

монизам | м.

Филозофско учење според кое во основата на светот стои еден принцип – материја или дух (идеја); Материјалистички монизам. Идеалистички монизам. Естетски монизам. Методолошки монизам.

монист | м.

Приврзаник на монизмот.

монисто | ср.

Продупчено зрно од обоено стакло, килибар или друг материјал, за правење накит. Тој продаваше мониста, обетки, ѓерданчиња. Нанижани мониста. Низа од мониста.