монархист | м.
Приврзаник на монархизмот.
монархистички | прид.
Што се однесува на монархист и на монархи Монархистичка управа. Монархистички терор.
монархија | ж.
Облик на државно уредување и владеење во кое власта е во рацете на еден човек, монарх (крал, цар, шах, султан и сл.), доживотно, без правна одговорност и (обично) со право на наследност.
монархофашизам | м.
Монархистичко државно уредување со фашистички политички и економски систем.
монархофашист | м.
Приврзаник на монархофашизмот.
монархофашистички | прид.
Што се однесува на монархофашизам и монархофашист, својствен на монархофашизмот и монархофашистите. Монархофашистичка диктатура.
монах | м.
Лице што се откажало од световниот живот и се посветило на религиозна служба; калуѓер. Монахот се повлече во ќелијата. Монасите се посветувале на молитви и искушенија.
монахиња | ж.
Калуѓерка;
монахува | несв.
Врши служба на монах. Тој монахувал во повеќе манастири.
монашки | прид.
Што се однесува, што припаѓа на монах и монахиња; калуѓерски. Монашки правила. Монашки живот. Монашка скромност.