монитор | м.

(техн.) а) Апарат во телевизиско студио за проверување на сликата. б) Компјутерски екран. в) Апарат за следење и контрола на одредени параметри што треба да се одржуваат во определени граници.

моно- | претс.

Како прв дел од сложенки со значење еден, единечен – означува дека тоа што се кажува со вториот дел од сложенката е едно, единствено, дека се однесува на едно лице или појава: моногамија, монолог, монотеизам, монолитен;

моноандрија | ж.

Брак во кој жената има само еден маж.

моногамен | прид.

Што се однесува на моногамија; што се засновува врз моногамија. Моногамен брак.

моногамист | м.

Приврзаник на моногамијата; оној кој има една жена.

моногамија | ж.

Брак помеѓу еден маж и една жена.

моногенеза | ж.

Самозачеток, бесполно размножување.

монограм | м.

Сплет од почетните букви на името и презимето, направен во еден потег во вид на венец, јазол, а служи како знак на сопственост на некој предмет, дел од облека и др. или на авторство на некое дело. Му подари шамивче со извезен монограм.

монографија | ж.

Поголем научен или стручен труд во кој исцрпно се обработува еден проблем (една појава, една личност, една област). Обемна монографија. Колективна монографија.

монографски | прид.

Што се однесува на монографија, што е како монографија. Монографски труд. Монографска обработка. Монографски студии. Монографско иследување.